Дома Фудбал Чалханоглу оптимист: Имам чувство дека ќе ја освоиме Лигата на шампиони

Чалханоглу оптимист: Имам чувство дека ќе ја освоиме Лигата на шампиони

Плејмејкерот на Интер, Хакан Чалханоглу е голем оптимист за вториот дел од сезоната.

Интер во првенството е на 5-то место со 11 бода помалку од лидерот Наполи, а во осминафиналето од Лигата на шампиони ќе игра против Порто.

„Освојувањето на Лигата на шампиони е мојот сон. Оваа година мислам дека можеме да ја освоиме. Незнам зошто, но имам такво чувство. Имавме многу тешка група. После поразот од Баерн покажавме на што сме способни“, изјави Чалханоглу.

Интер на 4-ти јануари игра дерби со Наполи, а Чалханоглу смета дека тоа ќе биде клучен натпревар оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рабио првпат капитен на Франција – и тоа на „својот“ Сан Сиро

Отсуствата на Мбапе, Дембеле и Кунде му ја донесоа капитенската лента на Адриен Рабио за д…