Дома Фудбал Чави сепак го враќа Дембеле во тимот

Чави сепак го враќа Дембеле во тимот

Изненадувачки Осман Дембеле е пред враќање во тимот на Барселона и ќе биде повикан за дербито со Атлетико Мадрид во недела, пренесува „АС“.

Дембеле беше пред заминување од Барселона откако одби да го продолжи договорот, но сепак остана на „Камп Ноу“.

Барселона како казна што ќе замине без обештетување го исфрли од тимот и се очекуваше Дембеле до крајот на сезоната да помине на трибини.

Сепак, Чави разговарал со претседателот Лапорта да го врати во тимот бидејќи му се потребни сите фудбалери до крајот на сезоната, а Дембеле секако може многу да му помогне на тимот.

„АС“ пренесува дека Дембеле сигурно ќе биде повикан за дербито со Атлетико Мадрид, а голема е веројатноста да биде во стартниот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ираола го доби токму ривалот што не го сакаше, Сити оди кај Брадфорд

Ливерпул ќе го пречека Борнмут во четвртфиналето на Лига купот, а Манчестер сити ќе гостув…