Барселона добро ја започна сезоната, особено во Примера, но неуспехот во Лигата на шампиони ќе го натера Чави на промени.
Барселона, минатото лето, потроши речиси 300 милиони евра, со цел повторно да атакува на трофејот во Лигата на шампиони, но како што стојат работите ќе биде елиминирана во групната фаза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чави Ернандез не е задоволен со сите фудбалери кои ги има во тимот, па планира во јануари да се ослободи од неколку играчи.
Тренерот веќе составил список до тројца фудбалери кои ќе бидат први што ќе го напуштат каталонскиот гигант, а станува збор за Жерар Пике, Жорди Алба и Френки Де Јонг поради високата плата.
Барселона сака да го продаде Холанѓанецот за да има доволно средства да ги задоволи барањата на Чави за нови засилувања.