Дома Фудбал Чави: Никогаш не сум имал чувство дека судиите и помагаат на Барса

Чави: Никогаш не сум имал чувство дека судиите и помагаат на Барса

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез даде свој коментар за обвиненита на клубот дека вршел поткуп на судии.

Постои сомневање дека имало системска корупција од страна на Барселона, за „активен поткуп“ на членовите на судискиот комитет во последните две децении.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Никогаш не сум добил впечаток дека судиите ни помагаат. Гледате дека на секои 15 дена се менуваат нештата. Барса не била клуб што влијае врз судиите и мислам дека управата ќе го докаже тоа. Мене сега ми е поважно да го насочам тимот на победа против Севиља. Видовме каде грешевме со Мајорка и мора да се поправиме во тој сегмент“, изјави Чави.

„Следната недела ќе има уште една вест за Негреира, за петнаесет дена ќе има уште една, а за месец и половина ќе има уште една. Веќе го знаете моето мислење за ова прашање. Погледнете ја архивата на кој било весник и ќе видите. Никогаш не добив чувство дека судиите и помагаат на Барса. Никогаш“, додаде Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…