Тренерот на Барселона Чави на 27 јануари ја информираше јавноста дека на крајот на сезоната ќе го напушти каталонскиот гигант, но оттогаш овој клуб започна низа добри резултати.
Барселона се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде наскоро ќе има двомеч против Пари Сен Жермен, додека во Ла Лига се уште е на -8 во однос на Реал Мадрид и тешко ќе ја одбрани титулата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради неговите неодамнешни солидни изданија, се појавија одредени шпекулации дека Чави можеби ќе остане во Барса, но каталонски „Спорт“ вчера објави дека тој на лето би можел да го преземе славниот Ајакс.
Ниту Ајакс нема да има тренер кога ќе заврши сезоната, бидејќи заминување најави и Џон ван де Шип. Ајакс имаше очаен почеток на сезоната, во еден момент беше во зоната за испаѓање, но потоа ја подобри формата и се искачи на табелата.
Сега е петти на табелата во Холандија, се бори да излезе на меѓународна сцена и најверојатно од есен ќе игра во Конференциската лига или Лига Европа.