Дома Фудбал Чави и Иниеста повторно заедно во Барселона – се поизвесно!

Чави и Иниеста повторно заедно во Барселона – се поизвесно!

Познатиот шпански фудбалер Андрес Иниеста сонува да се врати во Барселона каде што ја помина скоро целата своја кариера и има статус на легенда.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Играчот од средниот се уште активен како фудбалер на Висел Кобе. Иниеста освен што играч на Кобе служи како амбасадор на клубот, но целата јапонска лига.

Бидејќи е во залезот на кариерата, се разгледуваат бројни опции, а една од нив е враќање на „Ноу Камп“. Само прашање е каква улога…

„Ќе продолжам уште една година во Јапонија и потоа ќе видиме. Би сакал да се вратам во Барселона, тоа е мојот дом. Се уште не знам во кое својство, дали како тренер, спортски директор или нешто друго. “ изјави Иниеста.

Во секој случај, таму веројатно ќе го пречека Чави Ернандез, неговиот долгогодишен партнер од средниот ред и голем пријател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо се враќа во Реал Мадрид: „Специјалниот“ ги договори сите услови!

Фудбалскиот свет е пред вистинска сензација. Според последните информации, Жозе Мурињо ги …