Барселона во зимскиот преоден рок ги доведе Феран Торес, Адама Траоре и Пјер Емерик Обамејанг, нешто порано пристигна Дани Алвес.
Сепак сите четворица нема да можат да бидат регистрирани за настап во Лигата на Европа, па Чави мораше да донесе тешка одлука.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според правилата на УЕФА секој клуб има право да регистрира само тројца дополнителни играчи за продолжување на сезоната, па затоа Чави се одлучи да го „отпише“ Дани Алвеш.
Каталонски „Спорт“ открива дека Чави решил да ги вклучи во списокот Феран Торес, Обамејанг и Адама Траоре, а Бразилецот кој се врати во клубот нема да биде пријавен за настапите во Лига Европа.