Дома Фудбал Чави го убедува, а Барселона го губи трпението со Дембеле

Чави го убедува, а Барселона го губи трпението со Дембеле

Барселона се уште не може да постигне напредок во преговорите со Осман Дембеле за продолжување на соработката, пренесува „Мундо Депортиво“.

Каталонците веќе го изгубија трпението и му поставиле ултиматум на Французинот да даде конечен одговор на понудата до крајот на годината.

Дембеле има договор со клубот до крајот на сезоната, па Каталонците сметаат дека неодговарањето на понудата за продолжување на соработката е непочитување кон клубот.

Новиот тренер на Каталонците, Чави во Дембеле гледа играч на кого ќе ја гради играта во иднина. Легендата ќе има состанок со Французинот и ќе го убедува да остане на „Камп Ноу“. Меѓутоа, играчот треба да донесе конечна одлука до крајот на декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Топката со која Марадона ја испиша историјата продадена за рекордна сума

Фудбалската топка со која Диего Марадона го постигна прочуениот гол “Божја рака̶…