Легендата на Барселона, Чави Ернандез ја заврши авантурата на клупата на каталонскиот гигант.
Чави призна дека сакал да остане во Барселона, но неговите зборови создале земјотрес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Треба да знае дека ситуацијата е тешка. Има работи кои нема да бидат лесни. Дали ми е полесно? Не, затоа што сакав да останам, но ми кажаа дека не е возможно. Уште од првиот ден моите зборови предизвикаа земјотрес. Не знам зошто навистина“, кажа Чави.
Шпанецот останува легенда на Барса и не ја затвара вратата во иднина одново да го води клубот на неговиот живот.
„Да, би сакал да се вратам, зошто да не? Барселона е клубот на мојот живот. Уживав во ова искуство – исто така страдав, се разбира. Но, сакам да бидам во овој клуб и да работам за него“, додаде Чави.