Дома Фудбал Останато Чави: Барселона не може да ја освои ЛШ со помош на среќа како Реал

Чави: Барселона не може да ја освои ЛШ со помош на среќа како Реал

Легендата на Барселона Чави Ернандез се огласи во јавноста и повторно најави дека би можел да се врати на „Камп Ноу“ како тренер на Барселона, посебно затоа што му оди сосема добро во Ал Сад.

Чави нагласи дека неговиот сон се уште е да ја води Барса од клупата и верува дека ќе добие таква шанса, меѓутоа во ова интервју Чави повеќе зборуваше за последните изданија на Барса во Лигата на шампионите. Легендарниот фудбалер на Барса објасни дека Каталонците мора да имаат перфектна сезона за да ја освојат Европа и дека не може да се потпре на среќата, а за пример го посочи Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Барселона секоја година е помеѓу фаворитите во Лигата на шампионите, но за да ја освои ЛШ Барса мора да биде перфектна, мора да биде супериорна во однос на ривалите. Барселона не може да се надева на факторот среќа како некои други клубови. Историјата покажува дека клубот го освојувал овој трофеј кога бил доминантен, тоа го покажуваат и резултатите од финалињата“.

Чави потврди дека мисли на Реал Мадрид.

„Да, секако мислам на Реал, но има и други клубови кои имале среќа. Се сеќавам дека во Барселона имавме среќа само кога Иниеста постигна гол на крајот на „Стенфорд Бриџ“, а претходно не шутнавме на гол. Кога зборувам за клубови кои имале среќа мислам на оние кои во првенствата биле четврти, петти, шести…и ја освоиле титулата во Лигата на шампионите. Такво нешто на Барса не и се случило“, објасни Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пресврт: Модриќ става потпис на нов договор

Иако се очекуваше ова да биде последната сезона на Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид, с…