Чаби Алонсо остана на кормилото на Баер Леверкузен, а најголема желба во летниот преоден рок ќе биде турскиот талент Арда Гулер.
Неколку европски гиганти минатото лето беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“, а на крајот Реал ја доби битката и за неговиот потпис му плати 22 милиони евра на Фенербахче.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гулер го пропушти првиот дел од сезоната поради повреда, а во последно време покажа дека се работи за голем талент, но во Реал не може да се избори со големата конкуренција.
Чаби Алонсо сака да го донесе во Леверкузен на едногодишна позајмица каде му нуди првотимски статус.
Гулер ќе може да игра на највисоко ниво и во Лигата на шампиони и следното лето да се врати во Реал Мадрид.
🚨 Xabi Alonso would like to sign Arda Güler on a season-long loan for Bayer Leverkusen. 🇹🇷✨
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 22, 2024
AC Milan are also tracking the Madrid midfielder, who is looking for more playing time.
(Source: @sport) pic.twitter.com/4Zqv14uUrQ