Шпанецот Чаби Алонсо ја заврши кариерата во 2017 година во Баерн Минхен, а потоа почна да оди на курсеви за тренер кои успешно ги заврши.
Прво работеше во младинските категории на Реал Мадрид, а од 2019 година го води вториот тим на Реал Сосиедад. Според последните информации изгледа дојде време Алонсо да го има првиот поголем предизвик во кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Познатиот италијанси новинар, Фабрицио Романо објави дека Алонсо постигнал договор да седне на тренерското столче на Борусија Менхегладбах.
„Алонсо ќе биде новиот тренер на Борусија Менхелгладбах, договорот е постигнат. Во клубот ќе пристигне во јуни ќе го завземе местото на Марко Росе“, објави Романо.