Чаби Алонсо веројатно беше најпосакуваниот тренер помеѓу европските клубови до моментот кога соопшти дека ќе остане во Леверкузен и наредната сезона.
Шпанскиот стратег најмногу се поврзуваше со Баерн Минхен и Ливерпул, но на крајот се одлучи да не го напушти тимот со кој сезонава ќе триумфира во Бундеслигата и игра во финале во германскиот куп, исто така се и во четвртфиналето од Лигата на Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега за првпат ЧАлонсо објасни зошто се одлучил да остане.
„Има повеќе причини. Водам тим кој создава вистински тимски дух, има и многу играчи поради кои сакам да останам. Играчите се број еден магнет. Се чувствувам како дел од клубот и сакам да продолжиме заедно. Едноставно не сметав дека е време да заминам“, изјави Алонсо.
Леверкузен вечерва во рамките од четвртфиналето во Лигата Европа на свој терен ќе игра против англиски Вест Хем.