Кошаркарите на Црвена Ѕвезда се искачија на тронот во АБА лигата победувајќи го Будуќност во петтиот меч од финалната серија со 97-54.
Натреварот го одележа инцидент уште пред почетокот на мечот, па затоа час подоцна стартуваше мајсторката во Белград. На истата „Црвено-белите“ демонстрираа сила, моќ, квалитет и заслужено се изборија за четврти трофеј во АБА, а со тоа и пласман во Евролигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Будуќност после мечот излезе со соопштение за инцидентите и бара смена на раководството на АБА лигата во спротивно нема да настапува во регионалното натпреварување.
„По нападот кој го забележаа камерите и го пренесоа сите медиуми вклучувајќи ги и српските, а кои го снимија и членови на нашата делегација, повредени беа играчите Норис Кол, Суад Шеховиќ, а Немања Гордиќ беше погоден со стол. Свесни дека атмосферата е таква да нема услови да се одигра натпреварот, од челниците на АБА лигата за кои бевме информирани дека се уценувани од страна на Црвена звезда, баравме да се испразни салата или натпреварот да се одигра утре…. Иако бевме свесни дека во таа ситуација можевме да бидеме само поразени, прифативме со цел да ги сочуваме играчите и стручниот штаб. Горди сме на нашиот тим што во таква ситуација сепак излезе на теренот. За сите случувања детално и со докази ќе ги информираме сопствениците на клубовите во АБА лигата бидејќи со луѓето кои не донесоа во оваа неприфатлива и понижувачка ситуација, за нас АБА лигата не постои. Очекуваме смена на раководството“, стои во соопштението на Будуќност.