Дома Останати Кошарка Евробаскет Црвена Звезда запиша нова победа во Евролигата, Антиќ и повеќе од ефективен

Црвена Звезда запиша нова победа во Евролигата, Антиќ и повеќе од ефективен

Црвена Звезда славеше во рамки на 12. коло од Евролигата, против екипата на Валенсија со 82:86.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Црвено-белите одлично го стартуваа мечот, па ја имаа предноста по првите десет минути. Сепак тоа не значеше гарант за останатиот дел, па Валенсија успеа да стигне до пресврт и по третата четвртина имаа предност од 63:56.

Црвена Звезда со одлична серија во последниот период во кој се издвои и Перо Антиќ успеа да го донесе мечот до неизвесна завршница. На 39 секунди до крајот со поените на Рочести српскиот тим дојде до 77:78, а на крајот триумфираа со 82:86.

Антиќ одигра нешто повеќе од 25 минути на мечот, постигнувајќи 10 поени. Најефикасен во таборот на белградскиот состав беше Џејмс Фелдин со 25 постигнати поени, додека 13 поени запиша Рочести.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

ЛеБрон Џејмс заминува од Лејкерс!

Една од најголемите ѕвезди во историјата на кошарката, ЛеБрон Џејмс, ова лето ќе ги напушт…