Црвена Звезда е еден од најголемите расадници на таленти на Балканот, а моментално еден од најдобрите во нивната младинска школа е Давид Петрушев.
Давид Петрушев е роден во Белград на 26.05.2008год, има македонско потекло, и од свои 5 години тренира фудбал најпрво во фудбалската школа Винер када своите почетоци ги направиле Марко Грујиќ, играчот на Ливерпул, и Вукашин Јовановиќ кој игра во Бордо. Доказ за каков талент се работи е што ја има честа да го носи дресот со легендарната „десеткта“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На свои 8 години Давид Петрушев добива понуда од Црвена Звезда и го задолжува црвено белиот дрес и е дел од првата екипа на генерацијата 2008. Тој до сега има учествувано на бројни турнири во Србија и странство и е избиран за најдобар играч.
Дали после Дарко Панчев легендарниот српски клуб ќе добие нова македонска ѕвезда, ќе покаже времето, но иницијалите се исти ДП.