Дома Останати Тенис Циципас објасни во што според него Федерер е подобар од Ѓоковиќ: Далеку е пред сите, со голема разлика

Циципас објасни во што според него Федерер е подобар од Ѓоковиќ: Далеку е пред сите, со голема разлика

Новак Ѓоковиќ по сите аргументи и броеви дефинитивно е најдобриот тенисер на сите времиња, но понекогаш тука се додаваат и други параметри.

Сега на таа тема зборуваше грчкиот тенисер Стефанос Циципас кој го пофали Ѓоковиќ, но објасни и зошто според него Федерер е број еден со голема разлика.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кога ќе ги гледаме само бројките, Ѓоковиќ дефинитивно е најдобар, руши рекорди и се уште е гладен за трофеи. Тој нема што да докажува, меѓутоа неговиот карактер е таков, секогаш сака повеќе и одново“.

„Но, ако тука го додадеме критериумот кој бил најголема инспирација и кој имал најголемо влијание, Федерер е далеку пред сите со голема разлика. Мислам дека никој друг не би можек да му парира“, изјави Циципас.

Сезонава, Ѓоковиќ освои три од четирите грен-слем турнири и веќе има 24 на своето конто, два повеќе од Надал и Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал: Тешко е, но ова е – збогум!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не одигра толку лош турнир во Мадрид, но учеството го заврш…