Дома Фудбал Англија „Циркузот“ кој го направи Кепа откри фудбалско правило за кое љубителите на фудбалот немаа поим!

„Циркузот“ кој го направи Кепа откри фудбалско правило за кое љубителите на фудбалот немаа поим!

Фубдалскиот свет остана згрозен од потегот на младиот голман на Челзи, Кепа Аризабалага, кој одби да излезе во игра во финишот на второто продолжение во Лига Купот против Манчестер Сити.

Аризабалага се најде на општ удар на медиумите, јавноста, поранешните играчи поради скандалозното однесување во финалето од Лига Купот, а денес за таквиот негов потег пристигна и казна од клубот (ОВДЕ).


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сепак, главното прашање кое го поставуваат медиумите е дали судијата требаше да го казни Кепа поради овој потег?

Интересно, целата оваа ситуација откри едно правило за кое љубителите на фудбалот немаа поим. Имено, Кепа има право да ја одбие измената, а доколку судијата утврди дека тој може да игра, тогаш се почитува одлуката на играчот, а изгубеното време се надохнадува.

Правилото вели дека играчот не е обврзан да излезе дури и кога четвртиот судија ќе ја покаже измената. За тоа нема санкции и ако главниот судија утврди дека мечот може да породолжи, тогаш измената се смета како извршена.

Според ова правило испаѓа дека при измена играчите се тие кои го имаат последниот збор, а не тренерите, но реткост е сутуацијата која беше видена во неделата на „Вембли“.

Легендарниот англиски арбитар, Марк Клатенбург објасни дека Челзи можел да го замени Кепа и за време на изведување на пеналите, ако се утврди дека е повреден и не може да продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…