Дома Фудбал Лига на шампиони Цените се НЕВЕРОЈАТНИ – Карабаг ги има најефтините карти во историјата на ЛШ!

Цените се НЕВЕРОЈАТНИ – Карабаг ги има најефтините карти во историјата на ЛШ!

Азербејџанската сензација Карабаг оваа есен прв пат игра во групната фаза од Лигата на Шампионите, а ждрепката им донесе три гиганти со кои нема лесно да помине – Челзи, Атлетико и Рома.

За тоа дека Карабаг е аутсајдер во групата беше јасно веднаш по ждрепката, а тоа се потврди уште во првото коло каде што Челзи ги победи со убедливи 6:0. Сепак, во Карабаг потврдија дека Европа ќе ги памети по нешто. Од овој клуб веќе ги потврдија цените за билетите за својот домашен натпревар против Челзи, а сите беа во неверување кога видоа дека картата за најлошото место на стадионот чини нешто помалку од едно евро.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Карабаг своите домашни натпревари ќе ги игра на Националниот стадион во Баку, кој има капацитет од 70,000 гледачи, каде што ќе се одигра и финалето од ЛШ следната сезона, а нема сомнеж дека на сите три натпревари во ЛШ трибините на стадионот ќе бидат полни. Цените се навистина прифатливи, па најскапиот билет за натпреварот против Челзи чини околку 22 евра.

Натпреварите во ЛШ, особено оние каде што настапуваат најголемите европски клубови, на просечните навивачи им претставауаат луксуз, но во далечниот Азербејџан тоа е поинаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Министерот на Италија незадоволен од одлуката за Ачерби: Го разбирам бесот…

Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига…