Дома Фудбал Лига на шампиони Цените на билетите за финалето во ЛШ се НЕВЕРОЈАТНИ!

Цените на билетите за финалето во ЛШ се НЕВЕРОЈАТНИ!

Љубителите на најважната споредна работа во светот со нетрпение го очекуваат финалето во Лига на шампиони, кое се игра во сабота во Киев.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Капацитетот на Олимпискиот стадион во Киев за финалниот меч на Лигата на шампионите изнесува 63.000 места, а потрагата по карти за овој натпревар го достигна речиси врвот. Имено, навивачите на Ливерпул се жалеа на лидерите на клубот дека повеќето карти што припаѓале на „црвевите“ завршиле на црниот пазар.

Неверојатно е дека картите за одделни делови на трибините, на црниот пазар чинат 20 пати повеќе од реалните цени. Ливерпул добил 16.626 билети, но проблем е што секој трет навивач купил карта, за подоцна да може да заработи од неа.

На црниот пазар, билети за првата категорија чинат од 7,878 фунти до 8,753 фунти. Ако сакате билет за ВИП категорија, тогаш мора да одвоите 8.834 фунти, а за подобра позиција во ВИП, цената оди и до 14.716 фунти. Најскапите билети за категоријата 2 чинат речиси 15.000 фунти.

Ливерпул јавно ги советуваше навивачите да не патуваат во Киев, доколку не си обезбедат билет за натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Емери: Не се чувствувам како крал на Лига Европа!

Менаџерот на фудбалерите на Астон Вила, Унај Емери, изјави по освојувањето на трофејот во …