Дома Фудбал Италија Цената на Перишиќ и Икарди драстично намалена после скандалите!

Цената на Перишиќ и Икарди драстично намалена после скандалите!

Скандалите кои се случија оваа сезона околу Мауро Икарди и Иван Перишиќ ќе му донесат финансиски загуби на Интер, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двајата фудбалери не се во добри односи и најверојатно ќе го напуштат клубот ова лето. Во зимскиот преоден рок Перишиќ побара трансфер, а раководството му ја одзеде капитенската лента на Мауро Икарди.

Тој потег предизвика вистински скандал, па Икарди цел еден месец одбиваше да тренира со соиграчите и да излезе на терен, па го навлече и гневот на навивачите. Слабата форма на двете ѕвезди се одрази на резултатите на Интер, но и на нивната цена.

Минатото лето цената на Иван Перишиќ изнесуваше 50 милиони евра, но сега од Интер ќе бидат среќни доколку за неговата слобода добијат 30 милиони евра.

Ситуацијата е иста и кај Мауро Икарди, чија цена изнесуваше околу 120 милиони евра, а сега „нероаѕурите“ се спремни да го продадат за 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нејмар ќе пропушти повеќе од еден меч на СП!

Бразилската репрезентација доби лоши вести пред продолжението на Светското првенство, биде…