Враќањето на Кристиано Роналдо во Манчестер Јунајтед веднаш се покажа позитивно за клубот, односно за неговата вредност.
Според податоците на Њујоршката берза вредноста на клубот од „Олд Трафорд“ се зголемила за точно 550 милиони фунти само за 54 дена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На 4-ти август една акција на Манчестер Јунајтед чинеше 11,70 фунти, а вкупната вредност беше 1,91 милијарди. Само 24 часа после трансферот на Кристиано Роналдо вредноста на акцијата порасна на 13,46 фунти.
Зголемувањето на акциите продолжува и го достигна пикот на 27 септември, кога акцијата изнесуваше 15.09 фунти, а вредноста на клубот достигна до 2.46 милијарди фунти.
Освен трансферот на Роналдо постојат и други фактори кои влијаат на зголеувањето на вредноста на клубот како враќање на фановите на стадион.