Дома Трансфер зона Цената на Вернер може да падне за 10 милиони евра!

Цената на Вернер може да падне за 10 милиони евра!

Цената на напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер може да падне до 50 милиони евра, тврди „Газета дело Спорт“.

Според италијанскиот весник откупната клаузула во договорот на Вернер ќе падне од 60 на 50 милиони евра ако Лајпциг не биде шампион во Бундеслигата оваа сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лајпциг моментално е на третото место на табелата и заостанува 5 бода зад лидерот Баерн Минхен и веќе го осигура пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Токму ова е причината Ливерпул се уште да не го комплетира трансферот, иако има договор со напаѓачот.

Сепак, останатите клубови не губат надеж, а интерес за Вернер покажуваат уште Челзи, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…