Дома Фудбал Цел Јунајтед застана зад Погба: Мегваер го повика и Твитер да промени правило

Цел Јунајтед застана зад Погба: Мегваер го повика и Твитер да промени правило

Промашениот пенал против Вулвс Пол Погба долго ќе го памети.

Манчестер Јунајтед можеше да победи на вчерашното гостување против Вулверхемптон, но Пол Погба не реализираше пенал кој после натпреварот се покажа дека веројатно бил требало да го изведе Маркус Рашфорд.

После губењето на бодови навивачите на Манчестер Јунајтед испраќаа навреди на сметка на Погба на расна основа. Таквите навреди стигнаа до сите во клубот, а дел од играчите реагираа и застанаа зад својот соиграч.

Набрзо после навредите се огласи „оштетениот“ Рашфорд, а потоа него му се придружи и Мегваер.

Мегваер дури го повика Твитер да воведе правило за регистрација со лични документи (пасошо, возачка дозвола…) при правењето на профилите со цел лесно да се пронајдат оние кои имаат намера да навредуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома со долга листа отсутни: Без Манчини и првите двајца голмани против Сасуоло

Ману Коне се враќа во составот, но Рома ќе го пречека Сасуоло без неколку важни фудбалери,…