Дома Фудбал Останато Целосно е бескорисен, но овој човек може испише историја во Европа!

Целосно е бескорисен, но овој човек може испише историја во Европа!

Барселона е со една нога во финалето од Лигата на шампионите, Арсенал се наоѓа на чекор од финалето, а еден човек брка трофеј со два тима!

Шпанскиот играч за врска Денис Суарез е на чекор од единствен подвиг – да ги освои медал во Лигата на шампионите и Лигата на Европа во иста сезона!
Според правилата, ако Барселона и Арсенал ги освојат овие две натпреварување, Суарез ќе има медали и од двата. Иако беше целосно бескорисен и во двата тима.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Суарез првиот дел од сезоната го помина во Барселона и запиша само осум натпревари во сите натпреварувања. Од две во Лигата на шампионите каде што во групната фаза два пати влегуваше од клупата за резерви против ПСВ и Тотенхем. Вкупно во Лигата на шампионите собра 24 минути. Во Примера помина 17 минути на теренот, а во шпанскиот Куп 216 минути. Не се избори за минутажа и Барселона одлучи да го продаде.

Арсенал долго време се обидуваше да го доведе Суарез и после тешките преговори успеа во зимскиот проеден рок да го доведе на позајмица. На инсистирање на Унар Емери ко јго тренираше Суарез во Севиља. Меѓутоа место големо засилување, Суарез се покажа како големо промашување.

Помеѓу навивачите на Арсенал може да се слушне дека Суарез е најбескорисното засилување за клубот уште од Ким Калстром. Шпанецот во Лондон одигра шест натпревари

и на секоја влегуваше од клупата за резерва. Во Премиер лигата четири пати влегуваше како резерва и собра 67 минути, додека во Лигата на Европа два пати влезе од клупата и собра 28 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…