Дома Останати Тенис Целиот спортски свет во одбрана на Серена: Судијата се однесуваше како „робот“!

Целиот спортски свет во одбрана на Серена: Судијата се однесуваше како „робот“!

serena

Тенискиот, но и комплетниот спортски вест застана на страна на Серена Вилијамс после финалето на УС Опен.

Иако навивачите ширум светот го осудуваат нејзиното однесување, спортските новинари, јавните личности се апсолутно на нејзина страна.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Големиот инцидент се случи во завршницата од финалето на УС Опен кога судијата Карлос Рамос постапи според правилата и одзема поен, а потоа и цел гем на американската тенисерка.

Да, тој постапи според правилата и нема никакви дилеми дека му е работа да ја дели правдата, но сите се согласни дека за оваа работа потребно е и чуство. Мора да се почуствува ситуација и тогаш да се донесе одлуката, Рамос тоа не го направи.

Никој не може ништо да му замери бидејќи ги почитуваше правилата, но не судеше прво коло туку финале на Грен слем и меч во кој играше најголемата тенисерка на сите времиња на сето тоа и пред нејзината публика. Поради тоа мораше подобро да ја контролира ситуација, а не да се однесува како „робот“.

Во главно такви се коментарите на многу познати личности. Легендата Бил Џин Кинг смета дека ваква ситуација не смеело да се случи и 100% ја поддржа Серена.

Викторија Азаренка, некогаш тенисерка број на Твитер напиша дека целата ситуација е с**ње.

Поранешната тенисерка Рене Стабс тврди дека во кариерата мнгоу пати видела како тренерите даваат совети на своите играчи и дека не се казнувани.

Ниту НБА ѕвездата Донован Мичел не беше задоволен од ситуацијата.

Крис Еверт, тениската легенда на Твитер го напиша следново.

„Во ред, последен поглед на овој случај. Предупредувањето за давање инструкции беше фер, но сите тоа го прават. Карлос (судијата) мораше прво да ја предупреди Серена пред да ја примени одлуката“.

Новинарот на ЕСПН, Боби Маркс смета дека Серена никогаш повеќе не би требало да игра на УС Опен.

Според Енди Родик ова е најлошто судење кое некогаш го видел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…