Дома Фудбал Цела сезона играше со одврзани копачки, а потоа се појави Алвес 📸

Цела сезона играше со одврзани копачки, а потоа се појави Алвес 📸

Mладиот фудбалер Гави воодушеви со своите настапи оваа сезона во дресот на Барселона и Шпанија.

Гави неочекувано доби шанса во првиот тим на Барселона на почетокот на оваа сезона и таа шанса и тоа како ја искористи и ја воодушеви јавноста со своите настапи. Младиот играч за врска се избори и за повик во репрезентацијата на Шпанија каде што продолжи да прикажува одлични настапи.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој 17-годишник во досегашниот дел од сезоната одигра 25 натпревари за Барселона и стана неизвоставен дел од каталонскиот клуб.

Во центарот на вниманието Гави се најде и поради тоа што беше забележано дека секогаш игра со одврзани врвки на своите копачки. За Гави тоа претставуваше ритуал од младинските категории.

Сепак, во претходните два натпревари работите се променија. Пред мечот со Реал Мадрид фотографите забележаа момент како Дани Алвес му покажува на Гави како правилно да ги врзува копачките.

Очигледно Алвес придонесе да се промени ритуалот кај младиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола по натпреварот помина покрај херојот на Реал. Погледнете што се случи

Реал Мадрид на пенали го исфрли бранителот на титулата Манчестер Сити во реваншот од четвр…