Дома Фудбал Цела Севиља е заедно со него: Болниот Едуардо Беризо замина, ова е неговата замена

Цела Севиља е заедно со него: Болниот Едуардо Беризо замина, ова е неговата замена

Севиља објави дека нејзиниот тренер, Едуардо Беризо утре ќе замине на операција, па водењето на тимот ќе го преземе досегашниот помошник тренер, Ернесто Маручи.

Беризо на полувремето на мечотод ЛП на своите играчи им соопшти дека му е дијагностициран рак на простата и со тоа ги мотивираше во продолжението да извлечат реми, па од 0:3, пристигнаа до конечни 3:3.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нашиот тренер Едуардо Беризо утре заминува на операција за ракот на простата кој му е дијагностициран пред неколку дена. Неговото враќање на клупата ќе зависи од тоа како ќе мине операција и закрепнувањето потоа. Ние како клуб сме убедени дека ќе се врати што е можно побрзо“, објави Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…