Дома Фудбал Целата реакција на Пеп од кога Стерлинг погоди, до поништувањето: Од радост до очај…(ВИДЕО)

Целата реакција на Пеп од кога Стерлинг погоди, до поништувањето: Од радост до очај…(ВИДЕО)

Манчестер Сити го победи Тотенхем во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите со 4:3, но тоа не беше доволно овој клуб да се пласира во полуфиналето.

Во судиското продолжение „граѓаните“ постигнаа гол кој ќе ги одведеше во полуфиналето, меѓутоа судијата Чакир после консултација со ВАР го поништи погодокот поради офсајд ситуацијата.

Тој гол на Стерлинг донесе ерупција од воодушевување на „Итихад“. Секако бурно славеше и Пеп Гвардиола покрај аут линијата.

Сепак, после една минута Чакир доби повик и го поништи голот. Таа негова одлука го фрли во очај Гвардиола…

Еден навивач ја снимаше реакцијата на Гвардиола од почетокот до крајот, од радоста до очајот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…