Ракометарките на Вардар сезонава првпат се поразени на натпревар од лигата на шампионите, 22-24 на гостувањето кај Мец. И со пораз вардарки остануваат првопласирани на табелата во групата од ЛШ, со обезбеден пласман во 1/4 финалето и уште два натпревари за играње во кои треба да се потврди лидерското место.
„ Секако дека сме тажни поради поразот, но драго ни е што имавме теќок меч на гости да ги видиме грешките. Треба да гледаме позитивно, зашто имаме уште два натпревари за да останеме први во групата. Не треба да паднеме сега психолошки. Ова е само еден наш лош ден. Последните пет минути пресудија. Треба да видиме каде тука грешевме. Мислам дека оваа екипа може да оди многу далеку, изјави Драгана Цвијиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во следното коло од ЛШ (петок 19:00 часот) , во Скопје доаѓа екипата на Битигхајм.