Дома Останати Кошарка НБА Хјустон падна пред вториот тим на Вориорси, дербито за Клиперси, заврши низата за Денвер (ВИДЕО)

Хјустон падна пред вториот тим на Вориорси, дербито за Клиперси, заврши низата за Денвер (ВИДЕО)

Во изминатата вечер во НБА лигата се одиграа неколку интересни натпревари.

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ги победија Лејкерси во градското дерби со возбудлива завршница со 111:106.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После пропуштената шанса Пол Џорџ да го реши натпреварот, резултатот беше 109:106. Домаќините имаа цел напад, но на три секунди до крајот Патрик Беверли го надмудри Леброн Џејмс при шутот за три поени и освои посед за својот тим. Прецизен од двата пенали беше Џорџ со што се постави конечниот резултат.

Најефикасен во победата беше Каваи Ленард со 35 поени, 12 скокови и 5 асистенции. Монтрези Харел имаше 18 поени, а Пол Џорџ 17. Во редовите на Лејкерси Кајл Кузма забележа 25 поени, Ентони Дејвис 24, а Леброн 23 со 10 асистенции 9 скока.

Лејкерси и покрај четвртиот пораз во нзиа се лидери на Западот со скор од 24-7, Клиперси сега се на 23-10.

Њу Орлеанс во Колорадо го победи Денвер со 112:100 и така им ја прекина низата од седум победи. Брендон Инграм ги предводеше гостите од Луизијана до триумфот со 31 поен и 7 скокови, а го следеше Џру Холдеј со 20 поени и 8 асистенвции. На домаќините не им помогна и дабл-дабл учинокот на Никола Јокиќ (23 поени, 10 скокови и 4 асистенции).

Наџентси сега се на скор од 21-9, додека Њу Орлеанс е во долниот дел од табелата со 9-23.

Голден Стејт кој оваа сезона е далеку од играта во минатите неколку сезони кога доминираше во НБА лигата изненади и го победи Хјустон на свој терен со 116:104.

Вориорси до победи против фаворизираниот ривал стигнаа со фантастична игра во финишот од натпреварот. Од резултат 97:96 за Хјустон домаќинот направи серија од 19:2 и на крајот забележа триумф.

Домаќините добро го отворија натпреварот и поведоа со 7:0, меѓутоа Хјустон потоа ја превзема контролата и поведе со 53:40. Воините сепак не се предаваа. Прво финишот од третата четвртина успеаа да се вратат и да го превземат водството, а потоа во споменатата завршница да му го зададат и последниот удар на ривалот.

Во победничкиот тим доминираше Демион Ли со 22 поени и 15 скокови, а дабл-дабл оствари Дрејмод Грин со 19 поени и 11 скока. Дианџело Расело придонесе во победата со 20 поени. Кај Хјустон Вестбрук постигна 30 поени и запиша 12 скока, додека Харден застана на 24 поени и 11 асистенции.

Голден Стејт сезонава има очаен скор од 8-24, додека Хјустон е на 21-10

НБА резултати:

Лејкерс – Клиперси 106:111

Денвер – Њу Орлеанс 100:112

Голден Стејт – Хјустон 116:104

Филаделфија – Милвоки 121:109

Торонто – Бостон 102:118

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…