Дома Останати Кошарка НБА Хјусон поведе против Лејкерси, Милвоки пред елиминација! ?

Хјусон поведе против Лејкерси, Милвоки пред елиминација! ?

Изминатата вечер во НБА Мајами Хит дојде на чекор од победа во серијата против Милвоки, додека Хјусон поведе против Лејкерси.

Миловики водеше во поголем дел од натпреварот и изгледаше дека во втората рунда од плеј-офот конечно ќе намалат на 2:1 во серијата против Мајами. Меѓутоа во последната четвртина Бакси доживеаа целосен распад и на крајот Мајами славеше победа со 115:110 и поведоа со 3:0 во серијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мајами сега е на чекор од финалето на Истокот, а четвртиот натпревар се игра во недела во 21:30 часот по наше време

Во последната четвртина Бакси влегоа со двоцифренап редност, но Хит во овој период целосно доминираше и успеа да го сврти резултатот. Одличниот Батлер уфрли 17 поени во последната четвртина, а Мајами истата ја доби со 40:13. Тоа беше доволно за пресвр и победа. Џими Батлер беше најефикасен поединец на натпреварот со 30 постигнати поени. Кај Бакси Брук Лопез уфрли 22 поени, додека Антетокумпо запиша дабл-дабл со 21 поен и 16 скокови.

Одигран беше и првиот натпревар од втората рунда на Западот помеѓу Рокетс и Лејкерси. Хјустон успеа да поведе против Лејкерси со 1:0 благодарение на победата од 112:97. Посебно добро Хјустон играше во второто полувреме (пред се во последната четвртина) и предводени од Џејмс Харден запишаа триумф.

Харден натпреварот го заврши со 36 поени, Расел Вестрбук во победничкиот тим додаде 24, Ерик Гордон 23. Во редовите на Лејкерси Леброн постигна 20 поени, Ентони Дејвис 25, плус 14 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…