Дома Фудбал Лига на шампиони Хумелс знае трикови со кои ќе го запре Роналдо

Хумелс знае трикови со кои ќе го запре Роналдо

humels

Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва на домашен терен во Лигата на шампионите ќе го играат првиот натпревар од полуфиналниот двомеч против Реал Мадрид.

Навивачите на Баерн се надеваат дека нивниот тим конечно може да го запре Реал Мадрид кој во претходните две сезони стигнуваше до трофејот во најелитното еворпско натпреварување.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Баерн се свесни дека најголемата опасност доаѓа од Кристиано Роналдо, но дефанзивецот на германскиот тим Матс Хумелс верува дека може да го запре Португалецот.

„Навистина гледам многу натпревари во слободно време и така учам повеќе. Гледајќи го Роналдо сфатив дека има неколку трикови со кои можете да го запрете. Ваквото знаење ќе се обидам да го искористам против него, но нема да ви открија за што се работи“.

„Роналдо сигурно не е доминантен како во претходните години и јасно е дека сега повеќе се фокусираше на постигнувањето голови. Тој е најдобриот напаѓач во светот и со еден потег може да го реши натпреварот иако не троши енергија како некогаш“, изјави Хумелс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…