Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми е роден во Германија, но тој не го заборава местото од каде потекнува неговиот татко, Нигерија.
Од 17-годишна возраст се занимава со хуманитарна работа со цел да им помогне на децата во Нигерија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во октомври, приказната го обиколи светот дека Адејеми и Вилфрид Ндиди донирале две станбени згради во Лагос.
Неговата фондација им обезбеди студентски стипендии на стотици нигериски деца, а деновиве Адејеми отиде чекор понатаму.
Со него во Нигерија пристигнаа и претставници на Борусија Дортмунд бидејќи германскиот клуб е решен да учествува во бројни хуманитарни акции.
Со заедничка акција фондацијата на Адејеми и Борусија Дортмунд им вода за пиење за 20.000 луѓе.