Дома Останати Згодна Албанка е причината за лошата форма на ѕвездата на Борусија Дортмунд

Згодна Албанка е причината за лошата форма на ѕвездата на Борусија Дортмунд

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми добива критики од јавноста поради лошите настапи во дресот на германскиот гигант од почетокот на сезоната.

Медиумите во Германија сега шпекулираат што е причината за неговите лоши настапи. Наводно проблемот е во неговата девојка која има потекло од Албанија, Лоредана Зефи.

Зефи е рап музичарка која е популарна во Германија, но и во Албанија од каде што има потекло, родена е во Швајцарија.

Според информациите на германските медиуми, Адејеми бил толку многу посветен на својата девојка која го „вртела околу малиот прст“ што не можел да биде фокусиран на фудбалот.

Од почетокот на сезоната, Адејеми на теренот помина 261 минута и не направи ништо значајно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Награда за училишниот спорт: Томашевиќ со реквизити за учениците во Горњи Матејевац

Училиштето „Вожд Караѓорѓе“ се најде меѓу трите најдобри во програмата „Биди активен и кре…