Дома Фудбал Хуанито, Бутрагењо, Раул, Кристиано…Реал има нова „седмица“ – и тоа не е Асенсио!

Хуанито, Бутрагењо, Раул, Кристиано…Реал има нова „седмица“ – и тоа не е Асенсио!

Кристиано Роналдо ова лето го напушти Реал Мадрид и направи сензационален трансфер во Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со заминувањето на најдобриот играч во екипата на „кралевите“ остана голема празнина, а вчера Реал конечно доби ново засилување во офанзивната линија.

После многу шпекулации на „Сантиаго Бернабеу“ пристигна или подобро кажано се врати Мариано Диаз. Сигурно дека навивачите на Реал очекуваа некое звучно засилување, но изборот на управата на клубот падна на 25 годишниот напаѓач.

Диаз минатата сезона одигра одлично во Лион каде што пристигна токму од Реал, а иако се шпекулираше дека е блиску до трансфер во Севиља, Реал во последен момент одлучи да испрати понуда и да го врати одличниот напаѓач.

Сепак, тешко е да се очекува дека Мариано Диаз може да го замени Роналдо, но токму тој играч ќе го превземе дресот со број седум кој со години наназадво Реал го носеше Португалецот, барем така тврди новинарот на „Кадена КОП“ Мигел Диаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана нема да се врати во Манчестер Јунајтед

Андре Онана ќе продолжи да игра во Трабзонспор, откако турскиот клуб договори со Манчестер…