Дома Фудбал Останато Хрват наследува Хрват – Работеше во Премиер лигата сега е главен кандидат за клупата на турскиот гигант!

Хрват наследува Хрват – Работеше во Премиер лигата сега е главен кандидат за клупата на турскиот гигант!

Галатасарај е во потрага по нов тренер откако ја прекинаа соработката со Игор Тудор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со турскиот гигант се поврзуваа голем број на тренески имиња, а се истакна она на Славен Билиќ.

Турскиот гигант минатиот викенд забележа пораз по што ја изгуби лидерската позиција во првенство, па Тудор веднаш заработи отказ, а како главен кандидат се споменува името на неговиот сонародник.

Според турските медиуми директорот на клубот Чанг Ергун веќе разговарал со Билиќ.

Да потсетиме, Билиќ е без клуб откако заработи отказ во Вест Хем по серијата лоши резултати. Иначе привремено функцијата тренер во Галатасарај ја извршува Емрах Бајрактар.

Покрај Билиќ се споменуваат имињата на Фатих Терим, Роналд Куман, Лоран Блан и Томас Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов шок за Камавинга после изоставувањето од списоците за Мундијалот: Французот на црната листа на Мурињо

Откако селекторот на Франција Дидие Дешан го отстрани од списокот за претстојното Светско …