Дома Фудбал Хрватски медиуми: Она што го направија Адеми и Ристовски е единственото нешто што му преостанува на Динамо

Хрватски медиуми: Она што го направија Адеми и Ристовски е единственото нешто што му преостанува на Динамо

Недељко Лабровиќ одлично го одбрани ударот со глава на Сандро Куленовиќ, но само до Периќ, кој од мртов агол погоди за водство на Динамо од 2:1 во дербито од 15. коло на СуперСпорт ХНЛ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Куленовиќ му скокна на грбот на Периќ, Ристовски почна лудо да гестикулира кон Bad Blue Boys, а Аријан Адеми во излив на адреналин ја шутна рекламата и ја скрши.

Тоа беше момент во кој играчите на Динамо се ослободија од сите фрустрации натрупани во последните неколку натпревари, со надеж дека ќе ја победат Риека и дека конечно некаде ќе се вратат, пишува хрватски Индекс.

Пет минути подоцна неверојатно наивно примија гол за конечни 2:2, но реакцијата по голот на Периќ е единствениот начин да излезат од оваа криза и да се обидат да ја свртат сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бегалски камп, војна и сон кој изгледаше невозможен: Сега постигна гол на Светското првенство

Светските првенства секогаш носат нови херои, но малку приказни можат да се споредат со он…