Динамо Загреб синоќа беше прегазен од Милан на домашен терен (0:4), а големи критики за поразот доби капитенот и македонски репрезентативец Аријан Адеми.
Адеми често е херој на Динамо, но овој пат хрватските медиуми „удрија“ по македонскиот интернационалец и го наведуваат како најголем проблем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сезонава најголем проблем за Динамо е Аријан Адеми, легендата на клубот и омилената фигура кај навивачите на почетокот на сезоната играше во некоја форма, но како што одминува сезоната, а ритамот се зголеми Адеми го изгуби чекорот и во многу важни натпревари беше играч помалку на теренот“, анализира порталот „Индекс“.