Ракометарите на Хрватска и Хорвешка одиграа драматично полуфинале на Европското првенство кое беше решено после две продолженија. На крајот славеа „коцкестите“ со конечни 29:28.
Хрватска беше во водство во поголемиот дел од натпрерварот. Меѓутоа, во последните минути, Норвешка имаше шанси дури и за водство од два гола разлика, но голманот Ашанин одбрани два пенала и го овозможи последниот напад на својот тим кој не беше реализиран, па натпреварот заврши со резултат 23:23 и мораше да се играат продолженија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
И во првите продолженија два пати по пет минути не беше одлучено кој ќе оди во финалето. Норвешка имаше предност 26:25, но судијата во последната секудна досуди пенал за Хрватска, па „коцкестите“ израмнија.
Во вторите продолженија поуспешни беа Хрватите, Жељко Муса на пет секудни до крајот го постигна победничкиот гол за конечни 29:28.
Zeljko Musa's third goal of the tournament – and the one which really counts!@HRStwitt ??#ehfeuro2020 #dreamwinremember pic.twitter.com/ZxruhSscMU
— EHF EURO (@EHFEURO) January 24, 2020