Огнен Вукојевиќ е разрешен од должноста стручен соработк во хрватската репрезентација два дена пред полуфиналето против Англија.
Хрватскиот сојуз ја извести јавноста дека поранешниот репрезентативец поради спорната снимка на која ја поздравува Украина повеќе нема да биде член на делегацијата на Светското првенство во Русија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вукојевиќ порача: „Ова е победа за Украина и Динамо“, а Домагој Вида додаде: „Слава на Украина“.
Кај Хрватите постоеше страв дека Вида може да биде исфрлен од Мундијалот, но ФИФА само го опомени.
Во соопштението од Хрватскиот сојуз се наведува и дека сојузот со ваквиот потег сака да и се извини на руската јавност.