Славен Билиќ би можел да биде новиот селектор на украинската репрезентација.
Оваа информација ја објави еден од најпознатите новинари за трансфери, Фабрицио Романо кој тврди дека Билиќ е доста ценет во Украинската фудбалска федерација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Доколку наскоро дојде до промена на селекторската функција на Украина на која моментно е Руслан Ротан, главните луѓе на федерацијата би можеле да преговаат за нов кормилар.
Украинците ги стартуваа квалификациите за Европското првенство 2024 со пораз од Англија на гости (2:0), а се наоѓаат во група со Италија, Македонија и Малта.
Токму македонската А селекција е следниот ривал на Украина во квалификациите на 16 јуни во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.
Последниот ангажман Билиќ го имаше во редовите на Вотфорд од каде што доби отказ пред неколку недели.