Дома Фудбал Останато Хрватите предупредени: Внимавајте на Елмас, дрибла како луд!

Хрватите предупредени: Внимавајте на Елмас, дрибла како луд!

Утре во Лигата на Европа ќе се сретнат Динамо Загреб и Фенербахче каде што настапува македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Токму Елмас е еден од фудбалерите за кои најмногу се зборува пред натпреварот.

Агрон Руфати членот на Истра и повремениот репрезентативец на Македонија ги предупредуваше Хрватите за квалитетите на Елмас, додека менаџерот Дарко Алегриќ откри дека Елмас бил блиску да заигра за Динамо.

„Минатата година неговиот татко сакаше да дојде во Динамо. Прашав во клубот, но тие ми кажаа дека би морал да оди во Локомотива. Кога тоа го слушна тој беше изненаден и им возврати: Немојте да бидете смешни, каква Локомотива!? Имаме понуди од големи клубови. Така заврши во Фенербахче и ете сега ќе игра против Динамо, откри фудбалскиот менаџер Дарко Алегиќ.

Елмас ги помина сите селекции на Македонија, а соиграч му беше Руфати.

„Бевме цимери. Во Македонија е голема ѕвезда, го обожаваат. Се уште не е популарен како Горан Пандев бидејќи тој сепак е само еден, но блиску е до таа популарност. Нека внимаваат во Динамо, има страшен прв потег. Кога ќе тргне без проблем може да помине два-три играчи. Го чував на тренинзите и верувајте не ми беше лесно. Пеколен играч“, опиша дефанзивецот на Истра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов срамен потег на Роналдо: Вакво нешто не се гледа секој ден (Видео)

Фудбалерите на Ал Наср го загубија финалето на Азиската лига на шампиони 2, каде што подоб…