Голем потег на хрватскиот фудбалски сојуз!
Имено, како што најавуваат медиумите во Хрватска сојузот на оваа земја ќе додели дресови на 12-те тајландски момчиња кои после 15 дена беа извлечени од пешетерата во која беа заробени поради обилните дождови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„После враќањето на хрватската репрезентација од Светското првенство во Русија, Хрватскиот фудбалски сојуз и претседателот Давор Шукер донесоа одлука да се испратат 12 дресови на младите фудбалери од Тајланд кој поради големите дождови беа заробени во пештерата“, стои во соопштението од сојузот.
Mладите тајландски фудбалери во среда прв пат откако беа спасени се обратија до јавноста.