Дома Фудбал Останато Хрватите не можат глава да кренат: И Шукер препродавал билети за Мундијалот!?

Хрватите не можат глава да кренат: И Шукер препродавал билети за Мундијалот!?

После скандалот со кометаторот на ХРТ, Драго Ќосиќ, Хрватска се соочува со нов и тоа на иста тема – препродажба на билети за Мундијалот!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Не се работи за било кого легендата на хрватскиот фудбал и денешен претседател на Фудбалскиот сојуз во оваа земја, Давор Шукер!

Медиумите во Хрватска пренесуваат дека ФИФА има големи сомневања дека билетите кои биле наменети за семејствата на фудбалерите не завршиле онаму за каде што биле планирани. Наводно, во тек е истрагата против првиот човек на федерацијата, Давор Шукер.

„Незаконската продажа на билети се смета за сериозен прекршок на правилата и законите. Во овој момент сме во потрага по информации и не би можеле да кажеме нешто повеќе“, соопштија од ФИФА.

Се додава дека Шукер според некои информации бил главниот во целата работа. Бројката која фудбалскиот сојуз ја добил само за финалето изнесувала 700 влезници, а голем дел од нив завршиле на црниот пазар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вила со освојувањето на Лига Европа направи хаос, сега мора да изгуби за Англија да има шест екипи во ЛШ!

Астон Вила постигна голем успех во Истанбул со убедлива победа од 3:0 против Фрајбург, осв…