Дома Фудбал Храбра изјава од Атлетико: Ние сме фаворити број еден за титулата во Ла Лига!

Храбра изјава од Атлетико: Ние сме фаворити број еден за титулата во Ла Лига!

Aтлетико Мадрид игра добро на почетокот од сезоната и во овој момент има мало заостанување зад водечките екипи во Ла Лига.

Претседателот на клубот, Енрико Серезо е убеден дека резултатите на тимот ќе бидат и уште подобро, па во јавноста излезе со прилично храбра изјава.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Подолг период имаме одличен тренер, одличен состав, како и одлични фанови и директори. Ниту една екипа во светот не игра добро на секој натпревар, не постои таков тим.

Овој период буди убави чувства затоа што сите што го сакаат Атлетико знаат дека сме на вистинскиот пат. Не се плашам да кажам дека според мене се фаворити број еден за титулата, верувам дека и фудбалерите го чувствуваат тоа“, изјави Серезо.

Атлетико на табелата во овој момент има шест бода помалку од лидерот Жирона, меѓутоа и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…