Дома Видео Храбрата Црвена Звезда падна на Сан Сиро!

Храбрата Црвена Звезда падна на Сан Сиро!

Вечерва беа комплетирани сите реванш натпревари од 1/16 финалето во ЛЕ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан и Црвена Звезда ремизираа и во вториот натпревар (1:1), но во следната фаза се пласираа Росонерите поради повеќе постигнати погодоци во гости (2:2).

Натпреварот за тимот на Пиоли не можеше да започне подобро. Кеси во 9. минута погоди од белата точка, откако претходно противнички играч играше со рака.

Примениот погодок не ги обезхрабри, туку тргнаа напред свесни дека нема што да загубат.

Тоа им се исплатеше и во 24. минута Бен со прецизен удар по земја ја смести топката во мрежата на Донарума.

И во продолжение српскиот првак продолжи со нападати и создаваше шанси.

Гобелјиќ во 67. минута промаши голема шанса, а само две минути подоцна заработи втор жолт картон односно црвен.

До крајот резултатот остана непроменет и Милан е патникот во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Најдобриот играч на Парагвај прв во историјата доби црвен картон со новото правило на ФИФА

Врвниот фудбалер на Парагвај, Мигел Алмирон, стана првиот играч кој во историјата доби црв…