Jулиен Лопетеги доби отказ во текот на есента, а сега тоа би можело да се случи и со Хорхе Сампаоли затоа што Севиља не успеа да направи некој исчекор во Ла Лига.
Поразот од Гетафе само ја влоши ситуацијата на Сампаоли. Наводно прв кандидат да го замени е Хосе Бордалас, поранешниот тренер на Валенсија, но кој најмногу се прослави со Гетафе со пласманот во Лига Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Исто така се споменува Хосе Луис Медилибар, добро познато име во Ла Лига, но наводно Бордалас е прв фаворит.
Севиља е 14-та на табелата со 28 бодови и со само една победа во последните пет натпревари. Без оглед што се пласираа во четвртфиналето вд Лигата на Европа каде што ќе играат против Манчестер Јунајтед, управата нема преголема доверба во работата на Сампаоли.