Oваа недела започнува Африканскиот Куп на Нации, а репрезентациите веќе започнаа да се собираат во Брегот на Слоновата Коска која е организаор на овој голем настап.
Пред стартот на турнирот пристигна вест која ја загрижи фудбалската јавност.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, фудбалерите на репрезентацијата на Гамбија поминале низ вистински хорор на летот за Абиџан. Откако авионот достигнал одредена височина дел од фудбалерите и членовите на стручниот штаб почнале да губат свест.
Во тие моменти како херој се покажал пилотот кој забележал што се случува и го свртел авионот враќајќи го на аеродромот од каде што тргнал. Причината за драматичната ситуација бил преголемиот број на патници за таков авион поради што останале без кислород.