Дома Топ вести Холанѓанецот го сака цела Европа, а Гвардиола го „украде“ за 70 милиони

Холанѓанецот го сака цела Европа, а Гвардиола го „украде“ за 70 милиони

Англиските медиуми веста ја донесоа како ексклузива, а потоа стогна потврда од сите еминентни медиуми во Европа – Манчестер Сити победил во траката за потписот на големата ѕвезда на Ајакс, Френки де Јонг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот Холанѓанец беше на мета на половина Европа, а особено силен интерес за него покажуваше Барселона.

„Мирор“ пренесува дека веќе е постигнат договор помеѓу Манчестер Сити и Ајакс за трансфер „тежок“ 61 милиони фунти (70 милиони евра).

Гвардиола од поодамна е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе биде замена за Фернандињо, а изборот падна токму на Де Јонг.

21-годишниот Холанѓанец е поливалентен играч за врска, стандарден холандски репрезентативец и според многумина новата голема ѕвезда на светскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…